За новогодишно украсување Градот Скопје и 15 други општини во земјава потрошиле 405 илјади евра
Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2021 11:12
За украсување на Градот Скопје и уште 15 други општини во земјава за Новата 2021 година се потрошени вкупно 405 илјади евра, што е сепак за 40 отсто помалку од лани.
Ова е наведено во анализата и базата на податоци на договорите за трошоците за новогодишно украсување и новогодишни пакетчиња.
Ова истражување и базата на податоци се подготвени од Центарот за граѓански комуникации во рамки на Проектот за граѓанско учество.
Од украсување за новата 2021 година се откажале девет општини, кои имале тендери за претходната година. Притоа, 14 општини имале тендери за украсување и лани и годинава, а 3 општини и едно државно претпријатие немале лани, но имале тендери за новата 2021 година.
За разлика од дочекот на ланската година кога тендери за украсување имале Градот Скопје и седум скопски општини, за дочекот на оваа година тендери имале Градот Скопје и уште три други скопски општини: Карпош, Гази Баба, Аеродром, но и Градскиот трговски центар.
И годинава, најголем дел од вредноста на договорите за украсување добиле две скопски фирми - Линк Медиа Плус и Метал-Вет-Ел, а на половина од тендерите имало само по една понуда.
Новогодишни пакетчиња за 2021 година купиле 56 институции. 14 од нив спровеле тендер, а другите 42 купиле пакетчиња во вредност под илјада евра за што не се спроведува тендер. Вкупно за паклетчиња се потрошени 63 илјади евра. Цените на едно новогодишно пакетче се движат од 150 до 1.249 денари.
Повеќе информации има во анализата од истражувањето дадена во прилог или на следниот линк: https://www.opendata.mk/Home/TekstualniDetails/107?Category=2
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




