16 Декември, 2025
0.0681

За оние кои тргнале на печалба во ЕУ со бугарски пасош – Ова се најбараните професии во Велика Британија

Објавено во: Балкан 07 Јануари, 2014 11:05

Добивај вести на Viber

Компјутерски професионалци, софтверски инженери и медицински сестри се најбараните кадри во Велика Британија . Ова го изјавува Славка Радева , шеф на одделот за "Меѓународни договори" во Агенцијата за вработување во Бугарија, пренесува бугарската БНТ. Според неа, во Велика Британија се бараат и специјалисти во областа на туризмот, како и технички кадри. Таа објаснува дека секој кој одлучил да го искористи падот на ограничувањата на пазарот на трудот во Европа и сака да најде работа на Островот , треба да располага со однапред заштедени пари. Доделените финансии ќе послужат за сместување и храна , додека си најде работа. Радева посочува дека има и Бугари , кои одат на Островот со претходно склучени договори и подготвено сместување од работодавците. Во овој случај не е потребно да имаат таква сума. Има и такви кои престојуваат кај роднини и пријатели , тие исто така нема да имаат потреба од поголема сума. " Но, ако некој се одлучи на авантура, го спакува багажот и отиде да бара работа на лице место во Велика Британија , тогаш навистина треба да има доволно средства за да се издржува додека најде работно место " , објаснува Радева . Од почетокот на оваа година граѓаните на Романија и Бугарија добија правото да работат без ограничувања во сите земји од Европската унија. Привремените ограничувања воведени од девет земји -членки на ЕУ за Бугарија и Романија , за да се спречи масовна имиграција , отпаднаа во првиот ден на 2014 година. Некои држави во Унијата , вклучувајќи ја Велика Британија , се уште стравуваат од остар прилив на имигранти од овие две земји.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени