19 Декември, 2025
0.0560

ЗА ПАНЧО ЗАСЕГА НЕ СЕ ВОДИ ПОСТАПКА, БИДЕЈЌИ ТОЈ Е ВО ТЕШКА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА - ова го одлучиле обвинителите во консултација со лекарите

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2025 11:27

Добивај вести на Viber

Љупчо Коцевски, државниот јавен обвинител синоќа, упатува на тоа дека, поради сериозната здравствена состојба на Владимир Блажев – Панчо, член на музичката група ДНК, во моментов не може да се води кривична постапка против него.

Ова тој го изјави во интервју за Телевизија 24.

„Има одредени лица кои што се во тешка здравствена состојба и во консултација со лекарите за нив во моментов е одлучено дека не се во состојба за нив да се води постапка, ниту да дадат изјава, за жал“, рече Коцевски.

На прашањето на водителот на ТВ24 дали е меѓу нив осомничениот кој беше дел од бендот ДНК, Коцевски рече дека такви информации не може да споделува, но дека, како што објасни, има и такви.

А, како што е познато, кога се даваше обвинението, Обвинителството соопшти дека членови на бендот ги внеле и активирале прскалките.

„Постои сомнение дека членовите на бендот околу 2.32 часот како дел од сценскиот настап и ефект ги активирале експлозивните материи – пиротехнички фонтани, кои исфрлале искри во правец на плафонот над сцената, од кои веднаш се опожарил покривот од објектот и пожарот се проширил на целиот објект“, беше наведено кога обвинителството ги изнесуваше своите сознанија од истрагата. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот