19 Декември, 2025
0.0435

За пет години Прилеп ќе има целосно обновен градски водовод?!

Објавено во: Македонија 28 Декември, 2012 10:23

Добивај вести на Viber

Обнова на водоводната и на канализационата мрежа, пуштање  на филтер станица, грижата околу нова препумпна станица за високите делови од градот и завршување на големиот проект- нови десет бунари, се поголемите зафати со на ЈП Водовод Прилеп направени во 2012 година, соопштуваат од претпријатието кое во овие проекти вложило околу 40 милиони денари.

„Во обновата на 11 километри водоводна мрежа вложи 20 милони денари. Со новите 40-ина километри изградени со грантот од КФВ банка, за пет години Прилеп ќе има целосно обновен градски водовод што загубите ќе ги сведе на европско ниво, под 30 проценти“, изјави директорот Сашо Николоски.

За обнова на филтер станицата која ќе ги пречистува водите од вештачкото езеро и нејзино ставање во функција, одвени се два милиона денари, а 12 милиони денари дополнително чини препумпната станица што треба да обезбеди непречено водоснабдување на високите делови од градот кога има проблеми со водоснабдувањето.

Николоски информираше и дека уште еден голем зафат е пред целосна реализација- пуштањето во функција на 10-те нови бунари кои носат преку 100 литри вода во секунда, изградени со 700 илјади евра, пари од Европската инвестициона банка, преку Министерството за транспорт и врски.

За 2013 година, ЈП Водовод од Прилеп ќе ја гради пречистителната станица на отпадните води вредна 20 милиони евра, со пари од европските фондови, додека за станицата и за реконструкција на 23 километри канализациона мрежа веќе се распишани тендерите, информираат од јавното претпријатие.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот