23 Ноември, 2024
0.0269

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

Објавено во: Економија 19 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Полни раце работа имаат занаетчиите во Македонија. Ако ви треба плочкар, молер, фасадер големи се шансите дека ќе треба да почекате месец или два додека да дојдат и да ја завршат работата, затоа што се презафатени. Ова се веројатно „златни времиња“ за занаетчиите. Имаат многу работа, но и добра заработка. Иселувањето во странство е фактор кој придонесе за ваква состојба.

„Јас имам многу работа. За термини се чека.  Ситуацијата е таква каква што е. Чекаат луѓето најмалку месец – два за поголема работа, за фасада. Човек во Гостивар нè чекаше пола година. Сега се заработува, ама работна сила нема. Мајстори за работа тешко се наоѓаат. Сигурно ќе биде бетер, 100 отсто сум сигурен. „Златно време“ е  за оние кои работат за себе. Од друга страна, да ти треба мајстор и да не е квалитетна услугата, мораш да платиш. И тие што не се мајстори, ќе си ги платиш и нив. Добро е луѓето да бараат препорака, да се распрашаат, да најдат некои мајстори кои ги знаат ако сакаат работата квалитетно да им биде завршена“, вели молер од Скопје.

Но, не е само во главниот град, туку и во внатрешноста има доста работа за занаетчиите. Дел од нив велат дека однапред имаат обврски за следните неколку месеци.

„Има работа доста. Претежно работам во Гевгелија и околината. Сега и во текот на летото има повеќе работа. И според слободното време и според буџетот луѓето реновираат по дома. Работа отсекогаш имало, не е дека немало, но зависи на кој како му се работи. Ако ти се работи, ако си добар мајстор, од еден на друг те препорачуваат и те викаат. Ние немаме никакви огласи, реклами, а барани сме. Од конкуренција не се плашам, затоа што јас сум за тоа секој да работи и да си извади пари за опстанок на семејството. Работа има за сите кои сакаат да работат“, додава плочкар од Гевгелија.

Анета Атанасовска од Занаетчиската комора Скопје вели дека допрва доаѓаат времиња кога за услугите на квалитетните мајстори ќе треба да платиме поскапо. Објаснува дека бројот на мајстори во земјава е намален поради иселувањето и поради тоа што младите немаат интерес за занаети и затоа добрите кадри се пребукирани.

„Миргацијата се развива, многу занаетчии си ги затворија дуќаните и заминаа во Словенија, Хрватска, Германија, а мал број млади лица се одлучуваат да отворат бизнис, туку продолжуваат со високо образование и откако нема да најдат работа, се преквалификуваат. Допрва ќе дојде тоа време кога ќе може занаетчијата да ја наплати услугата која ја пружа, цената допрва ќе расте. Помал е бројот на занаетчии во споредба со изминативе години, во некои сектори. Во градежништвото немаме доволно мајстори, немаме паркетари, ѕидари, плочкари, водоводџии, инсталатери на парно греење, поправка на машини и апарати. Се соочуваме со дефициит на мајстори кои можат да испорачаат услуга“, рече Атанасовска.

Таа објаснува дека многу мајстори работат на „црно“, луѓето нив ги наоѓаат преку огласи на интернет, преку социјалните мрежи и со тоа може да се случи да не бидат задоволни од услугата. Во Скопје има околу 2.700 регистрирани занаетчии кои се активни.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria