19 Декември, 2025
0.0603

За поголем економски развој клучно е поголемо вклучување на женскиот лидерски потенцијал

Објавено во: Мои пари 07 Септември, 2023 13:08

Добивај вести на Viber

Поголемото учество на жените на лидерски позиции поттикнува развој и носи просперитет во секое општество. Ова го истакнаа учесничките на настанот што се одржа под мотото „Заедно успешни – ослободување на женскиот лидерски потенцијал“. Настанот го организираше АХК Сeверна Македонија, како дел од мрежата на германските стопански комори во странство и Македонско - Германското стопанско здружение заедно со својата премиум членка ЕОS Матрих ДООЕЛ Скопје, која воедно беше и домаќин на овој настан. Тој се одржува втора година по ред, а е дел од платформатаАХК мрежа на деловни жени – Зајакнување на женското лидерство (AHK Woman Bussniess Network - Female Empowerment). 

На настанот свои обраќања, покрај Антје Ванделт, директорка на АХК Северна Македонија, имаа и Катерина Бошевска, генерална директорка на ЕОЅ Матрих С. Македонија и ЕОЅ Матрих Косово, Марија Дуковска – Павловска, генерална директорка на Макстил и Елена Младеновска – Јеленковиќ, извршна директорка на М6 Едукативен центар.

АХК мрежата на деловни жени – Зајакнување на женското лидерство (AHK Woman Bussniess Network - Female Empowerment) е платформа за жените менаџерки од компаниите членки на Македонско - Германското стопанско здружение. 

„Се залагаме за јакнење на женското лидерство во економијата, воедно градиме и мрежа каде жените од деловниот свет можат да разменат лични искуства, да ги споделат предизвиците со кои се соочуваат на менаџерските позиции, да учат едни од други и да си бидат поддршка. Со споделување на конкретни искуства на успешни жени менаџерки сакаме да ги охрабриме и мотивираме идните генерации да се стремат кон успех и лидерски позиции во компаниите“, истакна Антје Ванделтдиректорка на АХК Северна Македонија.

Настанот се одржа во просториите на ЕОЅ Матрих во Скопје, а пред присутните претставници на бизнис заедницата се обрати и генералната директорка на компанијата,  д-р Катерина Бошевска. 

„Современите општества се темелат на принципот на еднаквост, но сепак, само 10% од компаниите на „Форчн 500” (Fortune 500)се предводени од жени. Затоа треба да работиме да се примени целосно овој принцип и затоа важно е да се работи на зајакнување на женскиот лидерски потенцијал во сите сфери во општеството. Децениски студии покажуваат дека жените лидери помагаат да се зголеми продуктивноста, да се подобри правичноста и функционираат како повеќе трансформативни лидери од мажите. Тие го инспирираат својот тим, го тренираат својот тим, ја нагласуваат тимската работа и автентичната комуникација како клуч за успехот. Затоа е важно да го градиме лидерскиот потенцијал кај младите жени“, истакна Бошевска.

ЕОЅ Матрих е водечки финансиски инвеститор базиран на напредни технологии, а компанијата одбележа 20 години од своето работење на пазарот.

Како дел од мрежата на стопански комори, АХК Северна Македонија преку своите активности создава цврсти врски помеѓу македонските и германските компании, зајакнувајќи ја економската соработка помеѓу двете земји. Германија е традиционално еден од најважните трговски партнери. Во вториот квартал од 2023 година Германија е втора земја по висината на странските директни инвестиции, кои изнесуваат 56,9 милиони евра. 

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка