22 Ноември, 2024
0.0332

За прв пат заеднички настап на фирмите од регионот

Објавено во: Економија 03 Декември, 2021

Добивај вести на Viber


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и копретседател на Коморскиот инвестициски форум Бранко Азески во придружба на потпретседателката на Комората д-р Елена Милевска Штрбевска, учествуваа на отворањето на меѓународниот саем во Тирана на кој на заеднилки штнад во организација на КИФ учествуваше 31 компанија од шестте земји од Западен Балкан.

Во рамки на македонската делегација, претставниците на „Пекабеско“ АД Скопје, „ИМВ“ Битола, „Кораб Трница“, „Агро Вардарие“, „Тим Ентерпрајс“ и „Биомарел Шитаке“, преку Б2Б средби, промоции, дегустации,ги презентираа своите производи и потенцијалите за продлабочуање на соработката на пазарите во останатите земји од Западен Балкан. Во присуство на амбасадорот на РС Македонија Н.Е. Данчо Марковски, претседателот Азески оствари разговори со бизнис делегацијата и околу можностите и програмите што ги нуди Коморскиот инвестициски форум за бизнис секторот.

По паузата минатата година, Меѓународниот саем во Тирана преставува добра можност за компаниите од регионот на ЗБ6 да ги презентираат своите производи, да ги зајакнат постојните и истражат нови можности за извоз, како и  да воспостават нови деловни односи со партнери од Албанија, останатите земји од Западен Балкан или пак други земји.

Во рамки на саемските активности Претседателот на Комората Бранко Азески заедно со господин Светозар Јаневски, член на бизнис советот на КИФ, остварија деловни средба со истакнатиот албански бизнисмен Васил Наци и најуспешните албански бизнисмени.


Во текот на денешниот ден Азески заедно со заменикот на претседателот во Владата на РСМ задолжен за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции м-р Фатмир Битиќи во Тирана ќе остварат дополнителни деловни средби.

Во прилог линк до:

-  Изјавaта на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески;

-  Инсерти од меѓународниот саем во Тирана.

https://we.tl/t-vSA0x4LGZq



* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria