ЗА ПРВПАТ ПО 1948 ГОДИНА ВО МАКЕДОНИЈА ИМА ПОВЕЌЕ ЖЕНИ ОД МАЖИ: Што значи тоа за демографската слика?
Објавено во: Македонија 14 Август, 2025 07:52
Последниот попис покажа дека во Македонија бројот на жени е нешто поголем од бројот на мажи.
Според Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, во Македонија живеат 1.836.713 жители, a oд нив, 50.4 oтсто се жени, а 49.6 отсто се мажи. Има региони во државата каде бројот на жени и мажи е речиси изедначен, а во Скопскиот регион, разликата е поголема во полза на жените.

Во светски рамки, на земјите им е важна балансираната полова структура на населението за да се одржува наталитетот, но и да се задоволат потребите за работна сила во многу индустрии. Демографот Дончо Герасимовски вели дека состојбата која ја покажа пописот е поволна за земјата од повеќе аспекти.
„Соодносот меѓу мажите и жените е речиси 50-50, што ги задоволува различните аспекти за функционирањето на државата. Припадници од женски пол треба да има во администрацијата и со бројките тој критериум можеме да го задоволиме. Но, не е само администрацијата, и за во другите сектори, бројките за полова застапеност одговараат. Во светот има и држави каде има по 10, 15 па и 20 отсто отстапувања во половата структура на населението“, рече Герасимовски.
Според показателот за бројот на мажи на 100 жени, во Пописот 2021 за првпат по Пописот во 1948 година се забележува поголемо учество на жените во однос на мажите, т.е. бројот на мажи на 100 жени изнесува 98.4 мажи на 100 жени, т.е. жените се за 1.6 отсто повеќе од мажите.
Состојбата по возрасни групи е следна: во возрасната група од 0 до 14 години, бројот на мажите е за 6.7 отсто поголем од бројот на жените, во возрасната група од 15 до 64 години, бројот на мажите е само за 0.7 отсто поголем од бројот на жените, а во возрасната група од 65 и повеќе години, бројот на жените е за 16.8 отсто поголем од бројот на мажите.
Неколку земји во светот имаат поголем процент на жени отколку мажи во своето население. Џибути, Хонг Конг и Литванија се држави каде што жените значително ги надминуваат мажите по бројноста. Ова често се должи на комбинација од фактори, вклучувајќи ја емиграцијата на мажите за работа, повисоките стапки на смртност кај мажите, па дури и војни во минатото. Во Русија и Белорусија бројката на жени ја надминува бројката на мажите. Слична е ситуацијата и во Непал.
Kатар, Обединетите Арапски Емирати(ОАЕ), Малдиви, Оман и Бахреин имаат повеќе мажи од жени, а ова често се должи на фактори како што е доминантната машка имиграција за работа, особено во градежниот и услужниот сектор.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ - Ѓавато и Пресека под магла
„Проектите без економска логика не носат развој, туку најчесто значат корупција“: професорот Трајковски со остра критика
По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство
ЕВЕ КАКО ТЕЧЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Николоски сподели видео на социјалните мрежи
Охриѓанец по кого се трагало неколку дена е пронајден мртов
СПОРЕД СДСМ РАБОТАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА - СПОРЕД ВМРО НЕМА ДОКАЗИ: случајот со фирмата поврзана со Томовски и денеска бранува
„МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ПУНКТ НА ТУЃИ МИГРАНТСКИ ПОЛИТИКИ“: Арсовска сподели видео за темата која бранува деновиве
„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски
Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак





