Добивај вести на Viber
60 дуќани од Скопската стара чаршија ќе добиајт нов изглед.
Имено, 2000 евра неповратни средства им беа доделени на 20 занаетчии за подобрување на изгледот фасадите на нивниот дуќан.
Средствата се овозможени преку грантови од ИПА проектот и Министерството за економија кое денеска со здружението Еснаф потпиша меморандум за соработка.
Со овој проект надлежните сметаат дека ќе се поттикне развојот на економијата при што Чаршијата ќе стане поатрактивно место за посета на туристите.
Во рамки на ИПА проектот „Валоризација на традиционалните занаети и на потенцијалите на социјалните економии во општините Чаир и Гњилане“ вреден 550.000 евра, занаетчиите кои добија грантови претходно поминаа обуки за принципите на брендирање.