За што потрошивме 170 милиони евра народни пари за градба на хидроцентралата „Чебрен“
Објавено во: Економија 24 Февруари, 2021
Мега хидроцентралата „Чебрен“ не е наш енергетски приоритет туку врв на нашeто лицемерие, неспособност и страшната лукративност кои траат речиси две децении! „Чебрен“ е нашиот национален енергетски срам! За 11 години наместо да изградиме мега (за наши услови) хидроцентрала ние плативме 230 милиони евра за системски безначајни приватни мали, мини и микро централи на сонце, вода и био гас и релативно значајната централа на ветар. Наместо со тие пари да создадат енергетска иднина за нашите деца политичарите изминативе дванаесет години дозволија повеќе од 170 милиони евра да се слеат во приватни џебови на сопственици на централи кои имаат повластени тарифи за произведена енергија. А ниту еден од нив лиценца не добил во процедура со јавно наддавање.... Еколошките проблеми што ги создаваат малите хидроцентрали се само мал нус ефект во однос на долгорочната споредбена штета. Дали се тие финансиски „крлежи“ на нашиот енергетски систем?
Секој платен мегаватчас „зелена енергија“ што државата го купила од повластените производители, а го платил народот, чинел 105 евра. Само за споредба цената што ЕСМ ја добива за струјата од своите термо и хидроцентрали е пониска од 45 евра за мегаватчас. За период од нецели 11 години на повластените производители на електрична енергија од сонце, биогас, мали хидро централи и од ветар произвеле само 5-6 отсто од целото производство на струја во земјава за 11 години.
А за тоа добиле 230 милиони евра. Од тие пари државната компанија за производство на струја ЕСМ од својот ветерен парк „Богданци“ инкасирала над 50 милиони евра. Другите пари се за приватните компании кои произведуваат многу мали и системски незначајни количества енергија од обновливи извори.
И „Чебрен“ е замислен како обновлив извор на електрична енергија. Тоа треба да биде најголемата хидроцентрала во нашиот електроенергетски систем. Таа треба да има можеби и двојно поголем инсталиран производен капацитет од најголемиот наш хидросистем „Вруток“ – кој повеќе од 50 години не снабдува со еколошка електрична енергија произведена од вода која не ја загадува животната средина.
Според достапни податоци од студија за развој на електроенергетскиот систем цената за инсталиран мегават на „Чебрен“ може да изнесува околу 1,2 милиони евра. Со проста математика тоа значи дека досега обновливите системски незначајни производители на прескапа струја „изеле“ еден „Чебрен“ со речиси 200 мегавати инсталирана моќност. Тоа би била хидроцентрала која би ни дала мирен сон и безгрижна енергетска иднина (од аспект на адекватност на системот) за идните барем 20 години.
Р.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.