18 Декември, 2025
0.0516

За што УЈП ќе потроши 309.000 евра?

Објавено во: Економија 25 Јануари, 2024 07:30

Добивај вести на Viber

УЈП спреми 292.000 евра за привремени вработувања кои ќе ги реализира преку агенцијата „Контакт Бизнис“ од Скопје. Оваа агенција го добила тендерот на кој се јавиле 8 конкуренти затоа што дала најниска провизија за услугата за која УЈП ќе плати до 20.000 евра. Дополнително за реализација на договорот УЈП за ДДВ ќе треба да плати 15.000 евра

Управата за јавни приходи (УЈП) ќе издвои 309.000 евра за привремени вработувања, пишува во договорот објавен на веб страницата на Бирото за јавни набавки достапен на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/44e4a952-1e5a-48da-a8af-4dd78fb2e8af

Според податоците од објавата тендерот, во конкуренција на осум понудувачи, го добила скопската фирма „Контакт Бизнис“ која постои од 2006 година. За својата услуга скопската фирма за посредување при работа од УЈП ќе наплати 20.000 евра односно 6,75 отсто од износот на бруто платата за вработените кои преку неа ќе ги ангажира УЈП.

Всушност клучен и одлучувачки параметар за изборот бил токму процентот што оваа фирма го наплаќа за своите услуги. Според расположливите јавни податоци процентот на давателите на услуги во наддавањето бил симнат од 12 отсто на 6,75 проценти.

Вкупната вредност на пари што УЈП ќе ја плати на оваа агенција за привремени вработувања изнесува 309.000 евра со вклучен ДДВ. Од тие пари за бруто плати на вработени кои преку агенцијата ќе ги ангажира УЈП изнесува 292.700 евра. Од таа сума, доколку се реализира во целост, “Контакт Бизнис“ ќе наплати 6,75 отсто односно безмалку вкупно 20.000 евра. УЈП за користењето на овие услуги од агенцијата ќе мора да плати и ДДВ на државата во износ од 15.300 евра.

Договорот ќе важи од 1 февруари годинава, а ќе трае до крајот на 2025 година или пак ќе престане да важи и порано доколку УЈП ги потроши сите 309.000 евра.

Калкулацијата покажуава дека ако бруто платата на едно ангажирано лице месечно изнесува 12.000 евра тогаш овој фонд на пари ќе биде доволен за ангажман на 20 лица за период од една година.

„Контакт Бизнис“ е фирма која се занимава со оваа дејност повеќе од 17 години. Според официјални податоци ова друштво во 2022 година од оваа дејност остварила 2,5 милиони евра приход, а ја завршила со добивка од 83.000 евра. Фирмата чиј сопственик е Иван Илиевски во 2022 година вработувала 6 лица.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје