21 Декември, 2024
0.0299

ЗА СКАНДАЛОТ СО ФИРМИТЕ ОД СТРУМИЦА, СКОПЈЕ И ГОСТИВАР: Оформен е предмет за даночна измама и за перење пари, сослушани три лица, а за едно предложено мерки за претпазливост

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Во текот на вчерашниот ден од страна на МВР до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција доставено е известување, а по претходно собрани одредени податоци од страна на УЈП за кривично дело даночно затајување, за делото измама, односно даночна измама и за перење пари. Јавното обвинителство веднаш постапи, оформи предмет и до судот достави барање за издавање наредби за претрес во одредени градови и во одредени фирми и домови. Со тоа што беше успешна акцијата, се прибавија одредени материјални докази и одредени компјутерски материјали, изјави вечерва во гостување на МТВ државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. 

Прашан дали имаат доволно докази за да се покрене обвинение, Коцевски појасни дека засега е многу рано и додаде оти се работи за предистражна постапка. 

- Во моментов само што ме известија, сослушани се три лица пред јавниот обвинител, со тоа што за едно лице е предложено мерки за претпазливост, за одземање на патната исправа и за јавување во судот, односно друг државен орган во одреден период. И се надеваме дека судот ќе го уважи нашето барање, потенцира Коцевски.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информира дека по вчерашните претреси во фирми во Струмица, Скопје и Гостивар приведени се четири лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари.

- Ова е еден од предметите кои што слободно можам да кажам дека има основани сомненија дека станува збор за епски криминал, кој за жал повторно е на штета на буџетот на Македонија, односно на парите на народот. Првичните информации се дека станува збор за милионски суми кои што се последица на неколку кривични дела, даночно затајување, даночна измама и перење пари. Во интерес на целокупната постапка не би можел да навлегувам во детали, почитувам пресумпција на невиност, изјави Тошковски во Охрид, каде ги отвори 22. Синдикални спортски игри, во организација на Македонскиот полициски синдикат.

Вчерашната акција беше спроведена на повеќе од десетина локации на територија на земјава. Се постапуваше координирано со Обвинителството за гонење на организиран криминал по наредба на судија на претходна постапка, како и заедно со останати државни институции, како УЈП, Министерство за финансии и Царинската управа.

Претходо на Фејсбук министерката за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска изрази благодарност до Управата за јавни приходи и директорката Елена Петрова, до колегите од Струмица и другите градови кои, како што наведе, заедно со мене цел ден неуморно работеа во спроведување на акцијата во Струмица.

- Дел од нив директно со мене во Струмица, а дел и низ други градови на Македонија. Исто така, огромна благодарност до Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност и Царинската управа кои беа огромна поддршка на колегите од УЈП. Денес покажавме дека сплотениот тим е посилен од сѐ. Продолжуваме посветено и одговорно за доброто на сите!, објави Димитриеска - Кочоска. 


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза

ДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА - прилепските млади социјалдемократи обвинуваат

ДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА - прилепските млади социјалдемократи обвинуваат