За уште подобро корисничко искуство - Нов изглед и нови функционалности на ПроКредит мобилната апликација
Објавено во: Мои пари 09 Јануари, 2023 08:00
ПроКредит Банка ја претстави најновата, унапредена верзија на апликацијата за мобилно банкарство, со нов, подобрен кориснички интерфејс кој е практичен и интуитивен, и нуди лесна навигација низ бројните функционалности.
Покрај новиот, модерен изглед, со новата верзија на апликацијата корисниците добиваат низа нови функционалности кои се создадени како одговор на потребите на клиенти за брз и практичен начин да ги завршат своите банкарски потреби.
Новите функционалности на мобилната апликација, покрај стандардните услуги, вклучуваат и:
· Биометриска автентикација – логирање со отпечаток на прст
· Буџетски плаќања – можност за едноставно и лесно електронско плаќање кон буџетски корисници
· Send to friend - Трансфер на средства кон контакт
· Преглед на бизнис картички – новитет кој овозможува целосна евиденција и управување со бизнис картички во секое време и од секое место
· Можност за промена на ПИН на платежната картичка
· Поштенско сандаче за праќање на пораки кон Банката – полесен и побрз начин до онлајн експозитурата на банката
· Поставување на дневен лимит за плаќања
Мобилното банкарство на ПроКредит Банка овозможува комплетна флексибилност и плаќања со 100% сигурност и безбедност при процесирање на плаќањата преку заштитена конекција.
Како прва и единствена целосно дигитална банка, ПроКредит континуирано развива нови дигитални банкарски услуги со цел да го унапреди корисничкото искуство за своите клиенти, кои веќе ги користат предностите на дигиталните експозитури.
Дознајте повеќе за мобилната апликација на ПроКредит на следниот линк: https://www.pcb.mk/mobilna-aplikacija.nspx
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




