ЗА ВЕРСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ВЕЛИГДЕН И БАЈРАМ СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕ: Владата утре ќе одлучува за новите мерки
Објавено во: Македонија 26 Април, 2021 13:49
Министерот за
здравство, Венко Филипче, на прес-конференција пред Спортскиот центар А1 Арена „Борис
Трајковски“ ги кажа новите препораки за рестриктивните мерки според кои полицискиот
час ќе почнува од 21 часот
наместо како досега од 20
часот, но за време на верските
празници Велигден и Бајрам да не важи, односно граѓаните да може слободно да се
движат
-Утрово се донесени нови одлуки за нови рестриктивни мерки кои ќе важат во следниот период. Утре на седница на Влада треба да се прифати отворање на летните тераси на сите угостителски објекти, полицискиот час ќе започнува од 21 часот, а за време на празниците нема да има полициски час и граѓаните слободно ќе се движат. Сето ова е резултат на навремено донесените мерки, потенцираше денеска Филипче.
Во однос на тоа дали рестриктивните мерки ќе важат и по 15.мај кога ќе завршат сите празници, министерот Филипче рече дека состојбата ќе се анализира, и ќе дискутираат дали ќе донесат нови мерки.
– Будно ја следиме ситуацијата и овие мерки се препорачани врз основа на сето ова што се случува. Еден од клучните фактори е одговорноста на граѓаните, без разлика на тоа какви мерки важат во еден или во друг период. Мора да знаеме дека таму каде што се почитуваа мерки немаше проблеми. За време на двата празника, сабота кон недела, и за Рамазан Бајрам, граѓаните ќе можат слободно да се движат. Мерките ги воведовме за да се намали притисокот врз болниците. Сакавме некои работи да забрзаме и да можат да здивнат лекарите. Во таа смисла, воведовме одличен модел на балансирани мерки. Во однос на групирањето, и сега може да се групираат луѓето. Верските лидери зедоа обврска сè да се организира надвор. Сите со сопствената одговорност да покажеме дека може да се функционира, истакна министерот.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




