За викенди нема напуштање на градовите - вака земја од регионот ќе се бори со вирусот

Објавено во: Балкан, Корона Вирус 27 Ноември, 2020
Во борбата против коронавирусот, патничкиот и меѓуградскиот сообраќај во Црна Гора ќе се запре за време на викенд, од петок од 19 часот до 5 часот наутро во понеделник.
Припадниците на полицијата ќе ја спроведуваат таа наредба на влезовите и излезите од општините. Апелираат до сите учесници во сообраќајот своите лични и професионални обврски да ги прилагодат на новонастанатата ситуација. Тие ќе ги контролираат учесниците во сообраќајот и движење ќе им дозволат само на оние кои имаат пропишана потврда. За 24 часа во Црна Гора има 508 нови случаи на Ковид-19, а од последиците на вирусот починале 10 пациенти. Земјата ја губи контролата на епидемијата.
Можеби ќе ве интересира
ОД ДЕНЕСКА НЕМА ВАКЦИНИРАЊЕ БЕЗ ЗАКАЖАН ТЕРМИН - српската Влада ги повикува граѓаните прво да се регистрираат

Се дозна по чии налог бил прислушуван Вучиќ и каде завршувале транскриптите - еве што кажа раководителот на Управата

Грција регистрира позитивни случаи на новиот сој на граничните премини

БЕШЕ СЕРИОЗНО: Воспаление на целиот абдомен, белите дробови.... - Чеда Јовановиќ прв пат во јавноста по излегувањето од болница

Од коронавирусот почина српскиот началник за вонредни ситуации
