17 Декември, 2025
0.0460

„ЗА ЖАЛ СКОЛИОЗАТА МНОГУ НАПРЕДУВА, НО РАБОТАМ ЗОШТО ТОА МЕ ВРАЌА ВО ЖИВОТ: Словенечките лекари се воодушевени од вредната Павлинка

Објавено во: Македонија 01 Август, 2022 10:58

Добивај вести на Viber

Во Словенија, Павлинка Мирлев има сопствено ателје во кое работи со многу љубов и обновува стар мебел. Таа е храбра, силна, жена, мајка, кралица! 

Сепак, не било се така лесно во нејзиниот живот.

Како мала, на 13 години Павлинка се соочила со идиопатска сколиоза, а од тогаш до денес, и после две бремености нејзината ситуација на 'рбетот се влошила и од прводијагностицираното искривување од 55°, сега има искривување од 75°.

„Работам зошто работата ме враќа во живот“

Лекарите во Словенија се воодушевени од мојот оптимизам. Реално, во мојот случај нема многу шанси за подобрување. За жал сколиозата многу напредува. Но, напредува и мојата желба да останам на нозе, и толку сум тврдоглава што, не прифаќам ништо помалку! Јас родив две дечиња без никаков проблем. Јас не смеам да работам - ете работам, земајки ги предвид нивните критериуми за вработување и мојот физички проблем. Добив одлука од инвалидска комисија, дека строго морам да одмарам, никако да не кревам тешки предмети (до тоа правило се придржувам) никако не смеам да правам нагли движења и слично. Не.. Јас работам зошто тоа ме враќа во живот. Ништо не е невозможно само треба да се посака. Многу внимавам, да не претерам со работа, и баш заради тоа што, тоа што го работам, го работам со многу љубов. Морам да признаам дека лекарската помош и совети секогаш се корисни.

„Следете ги сопствените соништа“-  порачува храбро Павлинка

Во Словенија имам свое ателје „Vintage Art“, обновувам стар мебел. Се изразувам на свој начин преку својата работа. Го работам тоа што го сакам, тука се пронаоѓам и тука сум среќна. И сакам да им порачам на сите кои имат таков проблем, никогаш да не престанат да си ги следат соништата. Да покажат и докажат колку душа има во нивното тело, колку промени можат да направат со својот дар, да се мотивират и себе си и другите околу нив.

Моите деца се мојот водич напред. Тие се моите крилја, мојата гордост, мојот најголем успех во животот. За секое тика-така во моето срце, се заслужни тие двајца. Нивното постоење е моето виножито, а јас го чуствувам секој ден во нивните очиња.

Каков мебел најчесто реставрира Павлинка, како се одвива процесот. Кои се предностите од реискористувањето на стариот мебел, која е најдрагата креација на нашата соговорничка и која е визијата на „Vintage art“...

Некако таа енергија од минатото ми се витка низ раце и низ душа. Затоа што сметам дека, мебелот во домот не е само декор. Луѓето кои ми ги доверуваат своите предмети се сентиментално врзани за нив. Стариот мебел е музеј за нивните спомени. Зад секое парченце старо дрво, се крие животна приказна која после обновата продолжува да живее. Предметите кои ги репарирам се од природни материјали, со нивната обнова се намалува отпадот и се продолжува циклусот на употреба.

Целото интервју на Женски магазин

Можеби ќе ве интересира

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели