За зимзелени садници град Скопје од буџетот издвои 329 илјади денари
Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2015
Екипи на Град Скопје го исчистија просторот и засадија вегетација на јавната зелена површина на булеварот Никола Карев, на потегот од касарната Илинден до семафорите кај Момин поток, информираат од кабинетот на градоначалникот.
Имено просторот кој беше дива депонија и од него беа отранети над 100 кубни метри смет и шут, сега е уреден и на него се засадени вкупно 220 зимзелени садници од видот туи (Juniperus Comunis), односно е формиран дрворед од туи.
За хортикултурно уредување на просторот Градот Скопје од буџетот издвои 329.072,00 денари, а на терен работеа екипи на ЈП „Паркови и зеленило“.