Забавени се нарачките за германските фабрики
Објавено во: Економија, Корона Вирус 06 Јули, 2020
Забавени се нарачките за германските фабрики.
Нарачките се зголемија за 10.4 проценти во мај, што е под очекувањата на аналитичарите за 15 отсто.
Нарачките за германски фабрики се зголемија помалку од очекуваното во мај.
Но, претходните два месеци падот на нарачките беше над 37 проценти.
„Ниското ниво на нарачки е знак дека процесот на закрепнување нема да биде завршен долго време“, стои во ставот на Министерството за економија.
Состојбата на пазарите надвор од Европа е сложена.
Германија е погодена од затворање на претпријатија, нарушување на синџирот на снабдување и глобалниот пад на побарувачката.
Бројот на невработени поради пандемијата ќе скокне над 5 милиони. Со тоа Германија би имала 10 отсто невработеност.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.