„Заборави го паричникот, плати со Google Pay“ - ПроКредит Банка ја лансираше најновата услуга за брзо, безбедно и лесно плаќање
Објавено во: Мои пари 13 Февруари, 2025 15:12
ПроКредит Банка ја претстави својата најнова услуга, Google Pay, уште едно дигитално решение што ги поедноставува секојдневните плаќања преку безбедна, брза и практична технологија. Со Google Pay, корисниците на Android уреди и паметни часовници можат да извршуваат бесконтактни трансакции без потреба од физички паричник.
Оваа услуга овозможува плаќања на сите продажни места со бесконтактни ПОС терминали, онлајн плаќања на веб страни или апликации, како и користење на услуги од банкомати со бесконтактен читач. Клиентите можат да дигитализираат повеќе картички преку своите Android или WearOS уреди и да одберат со која картичка ќе вршат плаќање.
Како дигитална банка, за ПроКредит ова претставува проширување на иновативните дигитални услуги за нивните тековни и нови клиенти, кои сега можат да ја искористат оваа бесплатна и практична услуга, без скриени трошоци или дополнителни провизии.
„Со воведувањето на Google Pay, продолжуваме да ги зајакнуваме нашите дигитални услуги, овозможувајќи им на клиентите полесен пристап до модерни технологии. Ова е уште еден доказ за нашата посветеност кон грижата за нивните потреби за брзи, практични и безбедни банкарски услуги,“ изјавуваат од ПроКредит Банка.
Процесот за активирање на Google Pay е брз и едноставен:
- Симнете ја апликацијата Google Wallet од Google Play Store.
- Додадете ги вашите ПроКредит платежни картички.
- Плаќајте со допир на вашиот смартфон или смарт часовник на ПОС терминалите.
Уште една предност е дека оваа опција може да се користи на сите локации каде што има ПОС терминали со бесконтактен читач, на глобално ниво.
Од банката велат дека продолжуваат да инвестираат во развој на услуги кои ги задоволуваат потребите на корисниците, овозможувајќи им практичност во банкарските операции.
Google Pay е достапен за сите клиенти на банката. Со едноставна инсталација и активирање, може да ги дигитализирате и користитеведнаш вашите ПроКредит картички.
Повеќе информации за оваа услуга се достапни на веб страницата на ПроКредит Банка.
пр објаваМожеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




