Добивај вести на Viber
Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) попладнево информираше дека поради врнежи од снег, забрана за движење на тешки товарни возила воведена е и на планинскиот превој Стража, додека претходно веќе беше воведена забрана за движење на тешки товарни возила и на патниот правец Маврово - Дебар.
Поради локалните врнежи од дожд и снег, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива делумно забавено, по влажни коловози, а снег има на патните правци Тетово - Попова Шапка и Кичево - Охрид преку Пресека, но засега овде сообраќајот се одвива без забрани, информираат од АМСМ.