05 Декември, 2025
0.1084

Задолжувањата во странство ги кренаа девизните резерви

Објавено во: Финансии 14 Март, 2013 09:25

Добивај вести на Viber

Ликвидноста на банкарскиот сектор е стабилна, но и во феврураи банкте испратија сигнал за воздржано кредитирање.Ова е најновата оценка  на Комитетот за оперативна монетрана политика на Народната Банка за монетраната политика и економскиот амбиент во земјава.

Според НБМ засега нема сигнали ниту за позначително подобрување на состојбата во реланиот сектор.

“Првичните податоци за кредитниот пазар за февруари покажуваат слаба кредитна активност, сигнализирајќи ја воздржаноста на банките, во услови на присутни ризици во реалниот сектор. Расположливите показатели за економската активност, исто така, засега не упатуваат на поголемо подобрување на состојбата во реалниот сектор.“ пишува во извештајот.

 Податоците за инфлацијата за февруари  годинава покажуваат натамошно забавување на инфлацијата, при што ризиците околу проектираната стапка на инфлација и понатаму се оценуваат како надолни. Сепак, динамиката на раст на базичната инфлација е побрза од очекувањата – посочуваат од Централната Банка. Причината ја лоцираат во поголемите преносни ефекти од првично оценетите.

“Сепак, ризиците во спроведувањето на монетарната политика и понатаму се присутни. Тие се однесуваат на динамиката на базичната инфлација, но и на сѐ уште неповолниот надворешен амбиент којшто може да има ефекти врз проектираната патека на девизните резерви. Во вакви услови на присутни ризици, но и во услови кога се очекуваат ефекти од веќе извршеното монетарно олабавување, монетарната поставеност е оценета како соодветна.“ – стои во извештајот. Она што според Народната Банка најавува оптимизам е трендот на подобрување на финансиските услови во евро-зоната и враќањето на довербата на финансиските пазари во февруари.

“Според проценките на Европската централна банка, се очекува дека европската економија постепено ќе закрепнува во втората половина од 2013 година. Ваквиот тренд би бил условен од зајакнувањето на глобалната побарувачка и постепеното закрепнување на домашната побарувачка.“ – пишува во извештајот на НБМ. Сепак, како ризик се посочува приспособувањето на билансите кај јавниот и приватниот сектор и заострените кредитни услови кои можат да го ограничат економскиот раст.

НБМ објави дека девизните резерви од почетокот на годината бележат раст, кој главно е резултат од приливите на државата врз основа на надворешно задолжување, како и од интервенциите на НБРМ на девизниот пазар. Засега нема најава за можно немалување на основната камата што ја диктира НБМ

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“