05 Декември, 2025
0.1127

Задолжувањето на домашен терен продолжува два дена по изборите!

Објавено во: Финансии 18 Март, 2013 09:05

Добивај вести на Viber

Два дена по локалните избори владата ќе се задолжува на домашен терен. Практично, со аукцијата на државни записи на 26 ти март, се завршува и процесот на задолжување преку аукции на државни хартии од вредност во првиот квартал од оваа година. Од почетокот на годинава Владата спроведе 31 поединечна аукција на тримесечни, полугодишни, едногоидшни записи, а на осум од овие акуции се продадоа и повеќе годишни обврзници. Темпото на задолжување на домашен терен што почна лани продолжи и во првиот месец од годинава, кога нивото на долгот на државата по основ на записи достигна скоро 874 милиони евра или само за еден месец се зголеми за 68,4 милиони евра Забавување на должничкото темпо се забележува во февруари и во март, кога државата главно преку аукциите го спроведува моделот на “ново задолжување – за враќање на стари долгови“, односно ја обезбедува сумата што и е потребна да ги порамни сметките по основ на веќе доспеани записи. Иако побарувачката, генерирана главно од банките,беше неколкукратно поголема од понудата, државата се воздржуваше од дополнителни задолжувања што не се предвидени со планот. Причината за ова треба да се бара,  пред се кај странскиот  кредит од 250 милиони евра преку Светска Банка и Дојче Банк, кој легна на сметка на Македонија. Заклучно со јануари, јавниот долг на Централната Влада достигна скоро 2,7 милијарди евра или 33,1 отсто од Бруто Домашниот производ. Надворешниот долг во моментов изнесува 1, 7 милијарди евра, а внатрешниот 1 милијарда евра. Според моменталните расположливи податоци, Министерството за финасии планира ново задолжување два дена по локалните избори, но не и раздолжување по основ на веќе досепани записи, што ќе значи дека парите ќе завршат директно во буџетот, за подршка на тековните трошења. НОВИ ЗАДОЛЖУВАЊА И ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ Судејќи според најавената динамика за задолжување преку аукции, владата нема да се откаже од овој иззвор на пари ниту во вториот кавартал. Според сешаниот план, во април, мај и јуни се закажани 9 аукциски денови за продажба на записи, но колку аукции ќе се спроведат во текот на еден ден – допрва ќе се знае. Аукциите на записи, за владата  се покажаа како „евтин“ извор за финасирање на буџетските трошења, за банките пак  – како најбезбеден начин за вложување на парите во време на криза. По последните неколку аукции, побарувачката за записи од страна на банките беше и до три -четири пати поголема од понудата. Ниту намалените каматни стапки не ги возвратија банкарите да забават со темпото на врзување на парите за хартии од вредност. Оваа сосотојба според познавачите укажува на две работи. Прво, дека банките “пливаат“ во пари, ликвидност има. Второ – тие пари, наместо за кредити,  ги вложуваат за државни хартии од вредност со двојно пониска камата, што пак е симптом дека ризиците, кризата и негативните очекувања сеуште доминираат. Во обид да ги „дестимулира“ банките пасивно да ги врзуваат слободните пари за хартии од вредност, Народната Банка неколкукратно ја намали основната камата. Ефектите бавно се испорачуваат, а причината според економистите треба да се бара во сеуште присутната криза која и натаму ја ослабува финасиската кондиција на  приватниот сектор и на граѓаните. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“