ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКИ: Најмногу казни за скопјани, најмалку изречени во Kуманово
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Јули, 2020
Од 1 мај до 21 јули годинава повеќе од 31.000 граѓани се затекнати без заштитни маски и се казнети.
Податоците од Министерството за внатрешни работи покажуваат дека се казнети вкупно 31.211 луѓе.
Бројките покажуваат дека најмалку санкции има во Куманово, но, во СВР Скопје е сосема поинаку.
„8.613 казнети има на подрачјето на СВР Скопје, 5.806 во СВР Тетово, 3.171 во СВР Струмица, 4.083 во СВР Охрид, 1.357 прекршувања има во СВР Куманово, 3.313 прекршоци се регистрирани во СВР Велес, и 2.400 прекршоци имало во СВР Битола“, информираат од МВР.
За заштита од коронавирусот од 23 април за сите граѓани започна да важи уредбата на Владата за носење на лична заштитна опрема за носот и устата и која може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично.
Физичката прекривка на носот и устата кај сите граѓани ќе овозможи прекин на преносот на вирусот. Задолжително е носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата во сите јавни затворени простори како што се средства за јавен превоз, маркети, банки, пошти, амбуланти, болници, институции, како и на отворени простори каде што нема можноста за одржување на дистанца од два метри помеѓу граѓаните како што се пазари, отворени трговски центри, тесни улици, автобуски постојки и слично.
Потоа полицијата почна да казнува парично. Глобата за неносење маска чини 20 евра.
Досега над 440 луѓе во земјава починаа поради коронавирусот.
Скоро 4.000 случаи се водат како активни.
Голем број заболени има во скопски Чаир, општина која со месеци е на врвот, но и во источниот дел на Македонија каде во рок од една седмица скокна бројот на заболени.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.