19 Декември, 2025
0.0611

ЗАЕДНО НА УШТЕ ЕДНО СВЕТСКО: СКОПСКО и РФМ повикуваат да НАВИВАМЕ СЛОЖНО И СЀ Е МОЖНО

Објавено во: Мои пари 04 Јануари, 2023 15:15

Добивај вести на Viber

„Навиваме сложно и сѐ е можно“ е главната навивачка порака која СКОПСКО ја испрати за поддршка на нашите ракометари, кои повторно ќе заиграат на Светско, овој пат во Шведска и Полска, од 12 до 29 јануари 2023.

Како горд поддржувач на македонската ракометна репрезентација и важен „играч“ во сите навивачки и славенички моменти, СКОПСКО ја продолжи децениската соработка со Ракометната федерација на Македонија (РФМ) со специјално дизајнирана амбалажа, посветена и инспирирана од нашите репрезентативци.

„Во насока на креирање вистинска навивачка атмосфера, пред и за време на првенството, на пазарот се лансирани и специјално дизајнирани СКОПСКО и СКОПСКО Smooth пакувања кои се посветени на ракометот и македонската репрезентација. Продажбата на оваа специјална серија е веќе започната и ги содржи имињата, броевите и потписите на најистакнататите играчи од новата генерација ракометари, кои денес се носители на нашата игра, како и името на нашата најголема ракометна легенда и наш сегашен селектор – Кире Лазаров. Скопско има одговорност да го поддржи овој моментум и луѓето кои го даваат својот максимум на теренот – нашите ракометарии херои, а како автентичен македонски бренд е должен на луѓето да им даде глас и начин да ја искажат својата поддршка и гордост.“ - изјави Катерина Теовска, маркетинг менаџер во Пивара Скопје. 

Шестиот настап на Светските првенства, нашата репрезентација ќе го започне во Краков, каде ќе се играат сите натпревари од групата Ф, во која противници за влез во втората фаза ќе ни бидат Норвешка, Аргентина и Холандија.

„Нашите очекувања се секогаш високи, ние сме една млада екипа со неколку искусни играчи која ветува многу во иднина. Нѐ очекува можам да кажам една тешка група, ние сме максимално подоготвени и го продолжуваме тој континуитет на големи натпреварувања“ - изјави Филип Кузамновски и се заблагодари на поддршката. На ова се надоврза нашиот млад репрезентативец Игор Ѓоргиев кој ја потврди спремноста на репрезентацијата и ја повика Фалангата од која очекува максимална поддршка.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии