11 Декември, 2025
0.0279

Заедно за одржлива иднина: ОКТА трета година донира соларни централи – повеќе енергија, помалку трошоци, почиста околина

Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2025 17:49

Добивај вести на Viber

Водејќи се од својата долгорочна определба кон одржливи решенија и унапредување на квалитетот на живот во заедницата, ОКТА реализираше нова донација во областа на обновливите извори на енергија. На покривот на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром денеска беше пуштена во употреба фотоволтаична централа со вкупен капацитет од 19.680 kWp, која годишно ќе произведува околу 26.6 MWh зелена енергија. Преку функционирањето на оваа централа во училиштето во кое настава посетуваат 1.489 ученици, значително ќе се намалат трошоците за електрична енергија, и ќе се избегне емисија од 21.28 тони CO₂ годишно, што е значаен чекор кон поквалитетна и почиста животна средина.

Главниот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос, нагласи дека ОКТА и натаму ќе продолжи да инвестира во зелена енергија.

„За нас е многу значајно што вложуваме во подобрување на условите онаму каде што придобивките најсилно ќе се рефлектираат – во образованието. Обезбедувањето енергија од обновливи извори, за училиштата има двоен ефект- од една страна ги намалува трошоците за електрична енергија и овозможува пренасочување на средства во образовните потреби, од друга страна пак, им помага на младите генерации од најрана возраст да ја разберат важноста  на грижата за животната средина и одговорното користење на ресурсите. Оваа, како и останатите фотоволтаични централи кои до крајот на годината ќе бидат донирани од страна на ОКТА на неколку образовни установи, јасно ги демонстрираат нашите заложби за поздрава и одржлива иднина“, потенцира Пасхос.

Покрај оваа централа, во рамки на широкото портфолио на општествено-одговорни активности, ОКТА годинава ќе реализира повеќе донации насочени кон подобрување на енергетската инфраструктура. Во наредниот период се планирани неколку инсталации на фотоволтаични системи, и тоа наДСУРЦ „Искра“ во Штип, потоа на ОУРЦ „Кочо Рацин“ во Битола, како и на ДСУРЦ „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Секоја од овие централи поединечно ќе има капацитет од 19.55 kWp и очекувано производство на енергија од сончеви зраци од 26.4 MWh годишно. Ова ќе овозможи намалување на емисијата на CO₂ од 21.12 тони

„Поставувањето фотоволтаични централи е значаен чекор кон одржливост на училиштата и јавните установи, намалувајќи ја потрошувачката, и, што е уште позначајно, намалувајќи го влијанието врз животната средина. Го поздравуваме овој потег на ОКТА, кој што покрај директните заштеди, со кои ќе ни се ослободат средства за други развојни проекти, на најмладите им се дава вистински пример како се гради зелена иднина. Јас сум убеден дека ова ќе биде доволен мотив и за многу други компании да се приклучат кон обезбедувањето одржлива иднина за новите генерации“, порача градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески.

Овој и сите останати проекти кои што ќе се реализираат до крајот на годината се надоврзуваат на минатогодишните донации во обновливи извори, кога ОКТА постави фотоволтаични централи во основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Велес и во градинката „Детска радост“ во Гевгелија. Претходно, во рамки на оваа стратегија за донаторски вложувања во зелена енергија беа донирани  централи и во градинката „Пепелашка“ во општина Центар во Скопје, во средното општинско економско училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Охрид, како и во основното училиште „Гоце Делчев“ во скопската општина „Илинден“. Компанијата, исто така, во рамки на платформата „ЈАС ВНИМАВАМ“, донираше фотоволтаични сообраќајни знаци во општина Центар, кои беа поставени во близина на повеќе основни училишта.

Преку континуирано вложување во обновливи извори, како и со поддршката кон образовните институции и општините, ОКТА ја потврдува својата посветеност кон зелена транзиција, продолжувајќи да биде активен партнер на институциите во изнаоѓањето решенија кои ја унапредуваат животната средина. Во моментов, компанијата покрива повеќе од 50% од сопствените енергетски потреби од чисти извори, а до крајот на првиот квартал од 2026 година ќе ги покрива целосно. Оперативниот CO₂ отпечаток на ОКТА ќе биде речиси нула.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна

Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници

Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници

Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари

Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ