05 Декември, 2025
0.0535

Заем од 51,6 милиони денари доби Крива Паланка

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2012 14:07

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии и додели на општина Крива Паланка заем во вредност од 51,6 милиони денари за изградба и реконструкција на улици во градот и за набавка на нова опрема за јавни услуги.

- Со обезбедените средства општината ќе изврши реконструкција на девет постојни улици во градот, како и изградба на мост на локалитетот Куков Дол. Со реконструкцијата на улиците „Никола Тесла“, „Никола Тесла - лев крак“, „Дивјанска“, „Пиринска“, „Биљинска“, „Осоговска (два крака)“, „Наско Тамбурков“, „Климент Охридски“ и „Горан Стојановски“ директна корист ќе имаат околу 1.000 граѓани на Крива Паланка кои живеат на тие локации, информира Министерството за финансии.

За потребите на јавното претпријатие „Комуналец“ во Крива Паланка ќе се обезбеди специјализирана градежна механизација за отстранување на дефекти во водоводната мрежа. Од средствата кои и се доделени на општината ќе се набави и машина со опрема за чистење снег.

- Условите на заемот се исклучително поволни – каматна стапка од шетсемесечен ЛИБОР (која во моментот изнесува 0,9 отсто) и рок на отплата од 13 години со вклучен грејс период од 3 години, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Овие средства се дел од „Проектот за подобрување на општински услуги“ со кој Владата на Република Македонија од Светска банка обезбеди 50 милиони долари за помош на општините. Досега се склучени 26 договори во рамки на овој проект со 24 општини.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје