Заев - Мицкоски: Постои согласност дека е потребно учество на опозицијата во реформите
Објавено во: Македонија 26 Декември, 2017
„Средбата се реализираше низ конструктивен дијалог, иако за некои од темите се изразени различни мислења и ставови на двајцата соговорници. Заеднички е констатирано и дека патот на Македонија е во ЕУ и во НАТО и за тоа е потребен ангажман од сите политички субјекти, како на власта, така и на опозицијата“- стои во соопштението од Владата.
Премиерот Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, се согласија дека е потребно учество на опозицијата во реформските процеси.