Заев: Бугарија ќе ја поддржи евроинтеграцијата на Македонија без услови
Објавено во: Македонија 26 Јули, 2017
Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека договорот за добрососедство со Бугарија е во склад со интересите на граѓаните.
Тој вели дека ова е одраз на генерација на политичари кои градат мостови и подаваат раце. Заев смета дека ќе се затворат отворени прашања.
Заев додава дека Бугарија ќе ја поддржи евроинтеграцијата на Македонија без услови. Премиерот вели дека ЕУ е потребна на Македонија, но и на регионот.
„Договорот ќе биде објавен на веб страната на Владата и секој ќе може да го прочита“ - рече Заев.
Тој вели дека ќе се зголеми трговската размена, царинските давачки ќе бидат поповолни, ќе има подобар економски развој, и благосостојба на граѓаните.
„Застануваме против говор на омраза или националистички изјави. Минатото и историјата ги поставуваме како темел на иднината“- вели Заев.
Премиерот очекува поддршка од опозицијата со цел Македонија да оди напред.