Заев е само вториот македонски премиер што бил на Даунинг стрит 10
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2019 11:00
Премиерот Зоран Заев е во Лондон, а пред НАТО состанокот, британскиот премиер Борис Џонсон ги прими лидерите на државите членки на познатата „Downing 10“.
Заев објави фотографии од приемот, но тој е само вториот премиер на земјава кој влегол во службената резиденција на британските премиери на Даунинг стрит 10. Во 2010 година, екс премиерот, сега бегалец Никола Груевски беше таму и се сретна со британскиот премиер Дејвид Камерон.

Претходно, поранешнот премиер Владо Бучковски во 2005 година се сретна со тогашниот британски премиер Тони Блер, пред Македонија да го добие кандидатскиот статус во ЕУ, но средбата се одржа во Брајтон.

„Downing 10“ синоќа беше ширум отворена за сите лидери од земјите членки на НАТО. Премиерот Борис Џонсон покажа одлично гостопримство за сојузниците од Алијансата, создавајќи топол предбожиќен амбиент во очи важниот лидерски НАТО состанок, напиша Заев.
На приемот го придружуваше сопругата Зорица Заева.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




