Заев: ЕУ ни препорача да не правиме ветинг кога дојдовме на власт
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2019
Спроведувањето на ветингот во судството е планирано уште од доаѓањето на власт, но не е започнато заради препораките од Европската Унија, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за А2 Си–Ен–Ен Албанија.
„Го ветив ова на изборите, не ветинг, туку она тоа што го сметам за признавање на правото на реизбор на судии и обвинители. Беше дел од програмата. Но, кога ја презедов функцијата, ЕУ не ми даде можност да го започнам процесот. Зошто? Затоа што можеби требаше да следат како тој одеше во Албанија, како ќе заврши таму. Тие ни кажаа дека немаме луѓе, нема како да ги пополниме работните места“, рече премиерот Заев.
Според него, потребата од ветинг е наметната од однесувањето на некои судии и обвинители.
Заев изјави и дека додека разговарал за преговорите во Брисел, тој никогаш не бил за одвојување на судбината на Северна Македонија и Албанија.