Заев го демантира Милошоски: Прв пат слушам за тие седум земји
Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2019 12:04
Премиерот Зоран Заев денеска го демантираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој на Твитер објави дека министри за надворешни работи на седум земји-членки на ЕУ биле против доделувањето на Датум за преговори за Македонија од страна на унијата на вчерашниот состанок на Надворешниот совет во Луксембург.
- Прв пат слушам за тоа дека седум земји биле против отпочнување на преговорите. До сега немам таков податок - рече Заев.
Синоќа Милошоски, повикувајќи се на свои информации, објави дека против отворање на преговорите гласале Франција, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија. Според поранешниот министер за надворешни работи, Грција и некои други земји биле воздржани.
Министрите за надворешни работи на Европската Унија вчера не се согласија за доделувањето датум за почеток на преговорите за Северна Македонија, но и за Албанија. Тие се договорија најдоцна до октомври да се навратат на ова прашање.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




