Добивај вести на Viber
Од пуста љубомора што Струмица е првата системски гасифицирана општина во Република Македонија, неспособните властодршци од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да сеат магла кај македонската јавност, покажувајќи на дело колку се скарани со вистината, пишува со соопштението од СДСМ.
„Вадењето од ракав на некаков паушален став дека цената на приклучокот од 700 евра за едно домаќинство е висока, е само доказ за немањето на елементарно познавање на оваа проблематика. Оваа цена за приклучок е една од најевтините во светот. Цената на приклучокот се формира врз одредени правила и стручни анализи. Ако не знаат во ВМРО-ДПМНЕ, нека се обратат кај нивната Регулаторна комисија за да не се резилат попусто пред граѓаните на Македонија. Целиот проект за гасификацијата на Струмица е исклучително евтин и исплатлив и за него се потрошени безмалку 2 милиони евра“ стои во соопштението.
СДСМ напоменува дека само како споредба, владата на ВМРО-ДПМНЕ само за елаборат за гасификацијата планира да потроши 3,5 милиони евра.
„Природниот гас Струмица го има сега, во овој момент и бидејќи истиот е двојно поевтин од нафтата, целиот проект на име заштеда на средства ќе биде исплатен во наредните 5 години, колку што време ќе и биде потребно на ВМРО-ДПМНЕ да гасифицира една општина. Господа од ВМРО-ДПМНЕ, веќе седма година по ред слушаме од Вас како расипана плоча исти приказни за некаква си гасификација на Македонија, а од гасификацијата нема ниту Г. Зошто барем еднаш не бидете чесни и отворено да му кажете на народот дека само експропријацијата на земјиштето ја планирате во периодот 2014-2018, а самата изградба на гасоводот 2018-2022. Зошто бесрамно го лажете сопствениот народ? Зошто конечно не признаете пред граѓаните дека руски Гаспром ја исфрли Македонија од проектот Јужен Тек, како што се случи и со Хрватска. Но, хрватските политичари си ја презедоа вината врз себе, за разлика од Вас политичките аналфабети, кои мува не ги лази.Едно е повеќе од сигурно, Вие нема да сторите ништо за гасификацијата на Македонија затоа што не Ве бидува и затоа што сте изгубени во просторот и времето. Овој капитален објект сепак, ќе биде обврска и чест за СДСМ, “ стои во соопштението.
Разликата меѓу градењето споменици и градењето гасоводна мрежа е огромна. А ако сакате да научите нешто слободно обратете му се на Зоран Заев. Тој со задоволство ќе Ви одржи лекција на тема како се прават проекти, кои им го зголемуваат квалитетот на живеење на граѓаните се вели во соопштението на СДСМ.
Што претходно соопшти ВМРО ДПМНЕ?
Јасно е дека СДСМ и Зоран Заев сеат магла на струмичани со проектот за гасификација. Струмичани прескапо ќе го платат гасот, односно она што само фирмите на Заев ќе го добијат“, реагираат од ВМРО – ДПМНЕ на соопштението на градоначалникот на Струмица Зоран Заев.
“Додека кланот Заеви прави милиони добивајќи бизниси од општина Струмица, струмичани треба да платат по 700 евра за приклучок кон гасоводната мрежа. Замислете колку многу пари се 700 евра за едно просечно домаќинство. Тоа е доказ дека проектот е прескап и недомаќински направен. Заев со тоа сака товарот за финансирање на гасификацијата единствено да им го препушти на граѓаните, а корист да почуствуваат само неговите фирми. Каков бенефит има едно просечно семејство кога треба да одвои повеќе просечни плати за да добие гас“, велат од ВМРО – ДПМНЕ.
„Гасификацијата е сериозен и капитален проект. Затоа Економскиот совет на Владата веќе донесе одлука дека Република Македонија треба да го реализира како приоритетен правецот од Клечовце преку Штип, до ТЕЦ Неготино, со средствата кои се обезбедени од Клириншкиот долг, односно од средствата кои Русија и ги должи на Македонија. Веќе Владата има доставено апликација до Европската банка за обнова и развој да помогне при финалната анализа и понатамошно обезбедување средства за реализација на овие цели. За реализација на овие проекти граѓаните нема да се изложат на дополнителни трошоци, како што е со случајот во Општина Струмица, пишуваше во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.