22 Октомври, 2024
0.0386

ЗАЕВ И ЦИПРАС УПАТИЈА ПОРАКА: Новото раководство на Северна Македонија го крши Преспанскиот договор

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Eкс премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас кои се потписници на Договорот од Преспа со кој се реши спорот за името, велат дека новото раководство на земјава го крши тој договор. 

Текстот го објави Прототема и во него се вели дека почитувањето на Договорот е единствениот пат до европскиот пристапен процес.

„Речиси 30 години, по падот на Берлинскиот ѕид и насилното распаѓање на Југославија, нашите две земји беа поделени поради ‘номенклатурата’, која не само што го попречуваше развојот на односите меѓу народите, но и ја ослабе регионалната стабилност и европската перспектива на Западен Балкан. Европскиот совет во Солун во 2003 година за прв пат ја потврди европската перспектива на регионот. Сепак, до 2014 година овој моментум беше изгубен и процесот на проширување беше официјално замрзнат пет години. Влијанието и улогата на ЕУ во регионот еродираа, оставајќи простор за активирање на опасните државни и недржавни актери со опасни агенди. Во овој политички вакуум, земјите од регионот се повикани да се справат со најтешката бегалска криза од Втората светска војна, со повеќе од 1,1 милион луѓе кои ја минуваат балканската рута, додека се справуваат со една по друга политичка криза. Кога првпат се сретнавме во Давос во јануари 2018 година, се согласивме за неколку фундаментални точки: Дека оваа ситуација не може да продолжи. Дека нашиот народ и регионот заслужуваат подобро отколку да бидат заробени подлабоко во магичниот круг на нестабилност и национализам. Дека нашата цел нема да биде да се преправаме дека преговараме, па потоа да не успееме и, да бараме победа во игра на меѓусебни обвинувања, како што такво нешто видовме кај други. Решивме дека нашите преговарачи нема да ја напуштат просторијата додека не најдеме заемно прифатливо решение, без разлика на политичката цена што ќе треба да ја поднесеме самите ние“, стои во текстот. 

Додаваат дека ги задолжиле нивните министри за надворешни работи, Никос Коѕијас и Никола Димитров да отпочнат преговори. Заев и Ципрас велат дека се соочиле со силни реакции од конзервативната опозиција во двете земји. 

„Договорот даде нов поттик на европската перспектива на Западен Балкан, ја врати улогата на ЕУ во регионот и ја истакна важноста на трансатлантската соработка во промовирањето на мирот и стабилноста. Понатаму, тој ја истакна клучната улога што ОН може да ја имаат во решавањето на конфликтот, особено затоа што Договорот беше формално признаен од сите членки на Советот за безбедност на ОН. Пред сè, докажа дека и кога е тежок товарот на историјата, дека таму каде што има волја, постои и перспектива за решение. Местото Преспа – некогаш регион растргнат од најжестоката граѓанска војна во Европа пред Студената војна, која протера илјадници луѓе од своите домови како бегалци пред 75 години – денес е симбол на мирот – а не на конфликтот. Како симбол на надеж наместо болка. Сепак, во последните шест години не ги видовме случувањата на кои се надевавме. Европскиот пристапен процес на Северна Македонија беше замрзнат, прво од Франција, а во последните години и од Бугарија. Тензиите во Косово се зголемуваат бидејќи бриселскиот процес заглавува, а реториката во Босна и Херцеговина станува сè поагресивна. Импулсот на проширување во Западен Балкан е изложен на висок ризик и се чини дека не добива на интензитет, дури и со одлуката да се отворат пристапните преговори со Украина и Молдавија или да ѝ се даде кандидатски статус на Босна и Херцеговина. Се повеќе млади луѓе мигрираат од Западен Балкан, разочарани не само од нивните лидери, туку и од неспособноста или неподготвеноста на ЕУ да ги исполни своите ветувања“, се вели во текстот. 

Додаваат дека во период на зголемена глобална конкуренција, регионална нестабилност и конфликт, Европа мора да преземе водечка улога како сила која активно ги поддржува мирот и стабилноста врз основа на меѓународното право, секаде каде што тие се под закана. 

Договорот од Преспа го потпишаа на 17 јуни во 2018 година во Нивици. Откако претседателката Гордана Сиљановска - Давкова даде заклетва без „Северна“, Грците опоменуваат дека Договорот од Преспа мора да се почитува. 

Можеби ќе ве интересира

ПОМИЛУВАНИ СЕ 10 ЛИЦА: Сиљановска-Давкова помилува член на кланот „Барон“, поранешен градоначалник, вмешан во „Шпион“…

ПОМИЛУВАНИ СЕ 10 ЛИЦА: Сиљановска-Давкова помилува член на кланот „Барон“, поранешен градоначалник, вмешан во „Шпион“…

„Главниот советник на македонската претседателка е државјанин на Бугарија“: БГНЕС тврди дека Даскаловски има бугарско државјанство над 20 години

„Главниот советник на македонската претседателка е државјанин на Бугарија“: БГНЕС тврди дека Даскаловски има бугарско државјанство над 20 години

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Антикорупциска отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Антикорупциска отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

СО ПОГОЛЕМА ОТЧЕТНОСТ ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ДРЖАВНИОТ ИМОТ ДО ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА - ќе се прави регистар на недвижен имот

СО ПОГОЛЕМА ОТЧЕТНОСТ ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ДРЖАВНИОТ ИМОТ ДО ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА - ќе се прави регистар на недвижен имот

„СИТЕ ПОСТАПКИ ЌЕ БИДАТ СПОДЕЛЕНИ“ - Вишото обвинителство со поплака до Советот на јавни обвинители „ни вршат притисок“

„СИТЕ ПОСТАПКИ ЌЕ БИДАТ СПОДЕЛЕНИ“ - Вишото обвинителство со поплака до Советот на јавни обвинители „ни вршат притисок“

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО ПОМИЛУВА ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ: Tребаше да одлежи уште една година

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО ПОМИЛУВА ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ: Tребаше да одлежи уште една година

ПРОМЕНИ ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО - еве кои се нови, но и чија позиција е во мирување

ПРОМЕНИ ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО - еве кои се нови, но и чија позиција е во мирување

ЖЕНАТА КОЈА ЈА ПОСЕТИ ЗООЛОШКАТА ВО СКОПЈЕ НЕГАТИВНА НА ПТИЧЈИ ГРИП - надлежните смируваат „ризикот за посетителите е мал“

ЖЕНАТА КОЈА ЈА ПОСЕТИ ЗООЛОШКАТА ВО СКОПЈЕ НЕГАТИВНА НА ПТИЧЈИ ГРИП - надлежните смируваат „ризикот за посетителите е мал“

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ЌЕ ГИ „ЧЕШЛААТ“ ДОКУМЕНТИТЕ НА ХРИСТОВСКИ - по пријава се заинтересираа за новиот директор на АНБ

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ЌЕ ГИ „ЧЕШЛААТ“ ДОКУМЕНТИТЕ НА ХРИСТОВСКИ - по пријава се заинтересираа за новиот директор на АНБ