29 Ноември, 2024
0.0331

Заев и Димитров го искоментираа Каракачанов кој во „Санстефанска Бугарија“ ја смести Македонија

Објавено во: Македонија 09 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Никола Димитров му одговорија на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов. 

Заев објавата на Каракачанов ја нарече „пенал“. 

„Договорот за пријателство и соработка покажува дека немаме територијални претензии. Сето ова е предизборен фолклор и секоја наша друга реакција е влегување во изборите на Република Бугарија“, рече Заев.

Димитров се воздржа од детално анализирање на изјавата на Каракачанов и рече дека се работи за предизборен фолклор. 

Колку е поголема реакцијата, толку е поголем ефектот таму, и можеби тоа е и идејата. Но, принципиелно и со најумерени зборови ќе кажам, дека треба да сме внимателни во тоа што зборуваме и што објавувааме и треба да избегнуваме објави кои наликуваат на територијални претензии и се против Договорот за пријателство, ние сме земји – членки на НАТО, така што во однос на овие цели да се гледа помалку на денот, а повеќе на долг рок“, вели  Димитров.

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски се огласи со реакција откако вчера вицепремиеорт на Бугарија, Красимир Каракачанов, објави честитка за 8 Март со географска карта од „Санстефанска Бугарија“ во која е опфатена и територијата на денешна Македонија.

„Претседателот Пендаровски, во однос на ваквите изјави кои доаѓаат од Софија секогаш укажувал дека претставуваат отворено кршење на Договорот за добрососедство и ја поткопуваат довербата меѓу двете земји и народи. 

Ваквите постапки се во спротивност на основните принципи и вредности на НАТО Алијансата во која и двете држави се рамноправни членки.“, се вели во реакцијата на шефот на државата. Неизвесно е дали партијата на Каракачанов ќе влезе во новиот бугарски собраниски состав. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СО УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ И ОГНОМЕТ КАКО „ШЛАГ НА ТОРТАТА“: Еве како се славеше Денот на албанското знаме

СО УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ И ОГНОМЕТ КАКО „ШЛАГ НА ТОРТАТА“: Еве како се славеше Денот на албанското знаме

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Постигнат e времен договор со приватните превозници

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Постигнат e времен договор со приватните превозници

АРСОВСКА ДО ПРЕМИЕРОТ:„Патриоту“ Мицкоски одлучи се, или сум јас најдобриот менаџер во Европа или сум најлошиот градоначалник кој е твој избор

АРСОВСКА ДО ПРЕМИЕРОТ:„Патриоту“ Мицкоски одлучи се, или сум јас најдобриот менаџер во Европа или сум најлошиот градоначалник кој е твој избор

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР: Ќе им се зголеми цената по изминат километар на приватните превозници

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР: Ќе им се зголеми цената по изминат километар на приватните превозници

Комплексот „Македонско село“ оди на оглас за ЈПП

Комплексот „Македонско село“ оди на оглас за ЈПП

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ОД ЦРНА ГОРА: Нема никаков проблем во преамбулата да се внесат и Црногорците

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ОД ЦРНА ГОРА: Нема никаков проблем во преамбулата да се внесат и Црногорците

Муцунски и честиташе на Шекеринска за високата функција во НАТО

Муцунски и честиташе на Шекеринска за високата функција во НАТО

ПЕТ ГРАДОВИ ВО ВИОЛЕТОВО: Алармантно е загадувањето на воздухот

ПЕТ ГРАДОВИ ВО ВИОЛЕТОВО: Алармантно е загадувањето на воздухот

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗЈАВАТА НА КОС: Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗЈАВАТА НА КОС: Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи