19 Декември, 2025
0.0543

ЗАЕВ ЈА ПОТВРДИ ИНФОРМАЦИЈАТА НА ФАКТОР: Бројчаникот се поставува деновиве

Објавено во: Македонија 30 Август, 2018 16:23

Добивај вести на Viber

Откако Фактор ја објави веста дека фамозниот бројчаник кој ќе врти на Триумфалната капија ќе се постави деновиве и премиерот го потврди истото.

Одговарајќи на новинарско прашање кога ќе се постави бројчаникот премиерот Заев рече дека тоа е ветување кое го дал додека беше во опозиција и дека ќе се исполни многу скоро.

Заев и денес уште еднаш кажа дека бројчаникот ќе го финансира тој, односно дека ќе го плати со пари од свој џеб и ќе го донира на Министерството за култура.

„Бројчаникот ќе се постави деновиве ако се завршат правните формални апсекти а бидејќи во буџетот на владата нема такви пари бројчаникот приватно го плаќам од мои пари. Како трајно добро бројчаникот ќе остане на  Министерството за култура и институцијата која е сопственик на портата каде ќе биде поставен“, истакна премиерот додавајќи дека истиот ќе врти  како што ќе се носат судските пресуди и како што институциите од областа на фининсиските истраги ќе ги инкасираат вратените пари кои биле земени од буџетот, како надомест на штета. 

Колку за потсетување на 22 ноември 2016 година, во предизборието за предвремените парламентарни избори (декември 2016), тогашниот претседателот на СДСМ  Зоран Заев и во тоа време лидер на опозицијата, на партискиот митинг во скопската општина Аеродром вети дека украдените народни пари ќе бидат вратени назад на државата и дека тоа ќе го регистрира бројчаник поставен на „Порта Македонија“  во Скопје. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот