19 Декември, 2025
0.1117

Заев: Ќе го замолам премиерот да се соберат доцна денеска да предложат продолжување на вонредната состојба

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2020 13:27

Добивај вести на Viber

Претседатеот на СДСМ, Зоран Заев, денеска пред медиумите рече дека ќе побара од техничкиот премиер Оливер Спасовски и од останатите министри доцна денеска на специјална владина седница да изгласаат предлог за продолжување на вонредната состојба за дополнителни три дена.

Ова лидерот на владеачката партија го предлага по вчерашниот разговор со претседателот ан ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кого се согласиле предвремените парламентарни избори наместо в недела да се одржат на денот среда. Според Заев, тие наместо на 5 јули, би се одржале на 8 јули.

– Ако се прифати осми јули ќе го замолам претседателот на Владата и министрите да се соберат доцна во текот не денот, да свика владина седница и да донесат предлог за продолжување на вонредната состојба од три дена, овој пат заради договор со опозицијата, бидејќи немаме аргументи заради економски причини да барам вонредна состојба, но тие три дена ќе дадат правно разрешување на можноста, токму на осми јули да одиме заедно на избори, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој денеска од Струмица присуствуваше на увидот на завршните работи на новото болничко крило од струмичката болница заедно со премирот Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко Филипче. 

Рече дека дополнителното кратко продолжување на вонредната состојба, која по правило денеска завршува, се прави за да може во понеделник и вторник да гласаат болните и изнемоштените, граѓаните во самоизолација, граѓаните позитивни кои се во болници и дома, сите хронични болни и повозрасните луѓе.

Доколку не се продолжи вонредната состојба, парламентарни избори, според роковите, треба да се одржат на 5 јули.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот