Заев: Ќе реагираме за „северномакедонскиот“ на Борисов
Објавено во: Македонија 10 Јули, 2019 13:57
Зоран Заев, премиерот на Македонија, денеска на новинарско прашање одговори дека ќе има реакција до бугарскиот премиер Бојко Борисов за употребата на префиксот „северномакедонски“, иако во Уставот на нашата земја има промена само на името на државата - „Северна Македонија“.
- Секако, ке реагираме за тоа. Ќе испратиме нота да се исправат грешките. Некогаш дури и дома кај нас правиме такви грешки, дури и од стручни експерти. Ние сме Македонци кои живееме во Северна Македонија, рече Заев пред новинарите.
Борисов пред неколку дена кажа дека заедно со „северномакедонскиот премиер“ заедно ќе се поклонат пред споменикот на Гоце Делчев, а вчера пред бугарските медиуми по средбата со Стево Пендаровски во Сараево рече дека „северномакедонскиот претседател е првиот северномакедонски политичар кој ги кажал нештата на најправилен начин - дека Гоце Делчев е Бугарин“.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




