17 Јануари, 2025
0.1913

Заев: Македонија се краде и пљачка, како ова да е туѓа земја

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска присуствуваше на Конференцијата на тема Инклузија „И јас сакам да имам живот како другите!“, по повод Денот на борба против сиромаштијата и гладта, каде сподели веќе познати информации дека 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија. 180.000 граѓани живеат со по 40 денари на ден, 99.000 со по 22 денарa на ден.

- Според мене како политичар, мислам дека обидувајќи се да создадеме држава изминативе 20 години, Македонија ја изгуби душата. Државата ја изгуби душата и смислата на своето постоење, а како и секаде во светот, државата постои заради граѓаните и никако поинаку. Се додека ја исполнува функциjата нa нејзиното постоење, а тоа е интересот исклучиво на граѓаните, дотогаш има смисла нејзиното организирање, функционирање и постоење како држава, изјави Заев.

Луѓето бараат храна, вели лидерот нс СДСМ, значи постои глад во Македонија и тоа е поразително!

- Пари има. Јас ви тврдам, 400 милиони евра годишно се крадат од Македонија! Се краде и пљачка, како да е ова туѓа земја. Социјалната раслоеност е на тоа екстремно ниво, каде што екстремно богатите не се мерат во милиони денари, не се ни во милиони евра. Станува збор за стотици милиони евра. Сите аспекти од нашето општество мораме да ги преструктуираме и преорганизираме од секој можен аспект, вели претседателот на СДСМ.

Заев смета дека од секој можен аспект мора да се реорганизираат работите во државава. 

- И добро, некој вика - од каде пари? Постојат во Буџетот пари, Македонија не беше посиромашна кога имаше Буџет од 1.7 милијарди евра. Сега има 3.3 милијарди евра Буџет. Проблемот е што Буџетот оди за глупости. Мора да се троши за граѓаните, за нашиот народ, за луѓето коишто живеат тука и се знае како - за најсиромашните. Најмногу треба да го полнат најбогатите, па после помалку богатите, а најголем бенефит мора да има за посиромашните, и дај Боже тие посиромашни да станат другата страна некој пат. Секој го посакува тоа. Тоа е тенденцијата, меѓудругото, на смислата на постоење на општеството, вели Заев.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година