18 Декември, 2025
0.0584

Заев: Максим го знае статутот на СДСМ, сам одлучи да биде исклучен од партијата

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2021 10:35

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев за прв пат ја искоментира одлуката на Максим Димитриевски да оди независно на локални избори како кандидат за градоначалник на Куманово и рече дека по автоматизам таквата одлука, според статутот на СДСМ, значи исклучување од владеачката партија.

Претседателот на СДСМ додаде дека самата партија му овозможила на градоначалникот на Куманово да направи политичка кариера и дека формално ќе биде исклучен на следниот централен одбор на партијата.

- Максим тргна против Максим. На централен одбор треба да го констатираме тоа што Максим го направи. Тоа го знае Максим, Статутот не е од сега направен. Однапред се познати правилата. 

Статусот е јасно достапен, претпоследниот е изменет со етички кодекс каде се даваат сите права и слободи, но и одговорности. СДСМ е исклучително демократска партија, која своите одлуки не ги носи врз основа на ставови на поединци. Таму е јасно дека ако се спротивставите на СДСМ, не можете да бидете член на СДСМ. Инаку може да се изразува незадоволство и спротивставени ставови, дури и ако тие не се согласуваат со оние на највисокото раководство, рече Заев.

Тој очекува кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски, да го победи Димитриевски на 17 октомври.

- Во Куманово ќе победи тој што 30 години по ред победувал, а тоа е СДСМ. Не доминирала никогаш личноста, туку социјалдемократијата била водечка нишка. Олиовер Илиевски е секретар на СДСМ Куманово и имаме шанса уште во првиот круг да ја залужиме победата, прогнозира Заев.

За протестот во Радовиш, каде незадоволство изразија приврзаниците на актуелниот градоначалник Герасим Конзулов, поради промоцијата на Коле Чаракчиев од СДСМ, Заев вели дека секој има право на протест, но анкетите покажале дека треба да има промена на понудата.

- Слободно е изразувањето на незадоволство и протест. Ние водиме грижа за изразот за незадоволство но, кога ќе видите во истражувањата дека повеќе од 60 отсто велат дека не заслужува да биде реизран еден кандидат, тогаш  имате јасен сигнал дека треба да настапите со друг кандидат, искоментира премиерот.


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија