19 Декември, 2025
0.0899

Заев: Можеби ние ќе ѕвониме спрема Атина, и се надевам дека тоа ќе биде многу брзо

Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2018 18:32

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека спорот за името меѓу Македонија и Грција ќе се реши многу брзо. 

За разговорот со грчкиот премиер Алексис Ципрас, Заев одговори дека ѕвонењето на телефонот можеби ќе биде од македонска страна, но точното време или датум не се знае.

„Можеби ние ќе ѕвониме спрема Атина, и се надевам дека тоа ќе биде многу брзо. Јас не би давал нови коментари освен заедничкото соопштение што беше пуштено преку Министерството за надворешни работи. Тоа кажува дека навистина сме многу блиску, но е многу важно ова да биде одржливо и трајно и да биде сто отсто безбедено за генерациите што доаѓаат и ќе го крепат ова пријателство со договорот што ќе го постигнеме. Како што гледате јас останувам оптимист иако не е лесно, чуствително е но е многу важно“- рече Заев. 

Заев додаде дека тој би сакал телефонскиот разговор да се случи уште утре, но има период до самитот на Европскиот совет на 28 и 29 јуни, а претходно е Самитот на министри на 25 и 26 јуни, и како што кажа, тие се отприлика роковите и поради овие рокови се очекува ден поскоро спорот да биде завршен. 

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните