Заев: На Бузлуџа ќе дојдам со мотор
Објавено во: Балкан 28 Јули, 2018
Премиерот на Македонија, Зоран Заев, преку видео-порака им вети на бугарските социјалисти дека во следна прилика ќе допатува со својот мотор на Бузлуџа, крај Казанлак, откако Бугарската социјалистичка партија ја прослави својата 127-годишнина со рекорден собир во поново време.
- Жалам што не можам да присуствувам, но моето срце е со вас. На следниот собир планирам да дојдам со мојот мотор - вели Заев.
Тој додава дека принципите на солидарност и достоен живот се темелот на собирот на социјалистите и социјалдемократите на Бузлуџа.
Вели дека е потпишан договор со претседателканата на БСП, Корнелија Нинова, за соработка, а оваа година претставници на СДСМ се поканети на собирот.