18 Декември, 2025
0.0559

Заев на свеченото отворање на автопатот Демир Капија - Смоквица: Овој автопат поврзува, и води кон ЕУ

Објавено во: Македонија 23 Април, 2018 17:38

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска предводеше владина делегација на свеченото пуштање во употреба на автопатот Демир Капија Смоквица. 

„Денеска ја пуштаме во функција делницата Демир Капија – Смоквица од автопатот „Пријателство“, и го завршуваме инфраструктурниот потфат што како патека за граѓаните се испружи до границата со нашиот сосед и пријател – Република Грција. Со оваа делница, и со завршните работи на рехабилитацијата на делот на автопатот од Неготино до Демир Капија, го затвораме целосно делот од Паневропскиот Коридор 10, кој минува низ нашата земја, со едно современо и безбедно автопатско решение. Секако, нема да пропуштиме да споменеме дека овој проект  го започна претходната влада, од огромна потреба на граѓаните. Ние тоа го препознаваме и го потенцираме. Само ќе ја повторам нашата определба дека, без разлика на сите слабости и долгови што ги наследивме, Владата на Република Македонија даде збор дека ќе ги заврши сите започнати патни проекти во најбрзите можни рокови. Нам денеска ни останува да го одбележиме крајот на сите градежни работи и во свечена атмосфера да им го предадеме на граѓаните на нашата земја и на граѓаните на Европа, делот од овој автопат кој им овозможува безбедно стигнување до сите дестинации на овој потег до границата со Република Грција и обратно“ - вели Заев. 

Додава дека со поврзувањето со автопатните и другите инфраструктурни коридори во таа земја, да стигнат до своите бизнис дестинации, до своите пријатели, до местата за одмор. И обратно, граѓаните на Грција и граѓаните на светот да можат да циркулираат низ Македонија по модерни, современи и безбедни патишта.

Денеска означуваме завршување на многу значаен капитален инфраструктурен проект за Република Македонија, но истовремено денеска означуваме ново поглавје за Европска Македонија, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. 

„Од денеска добиваме, нова, модерна и безбедна автопатска делница, прва од овој тип на Балканот. Овој автопат од Демир Капија до Смоквица кој е во должина од 28 километри, технички беше најтешката делница за изградба од патниот Коридор 10 во Македонија, која поминува низ Демиркаписката клисура и тешко достапниот планински терен по неа. Од тие причини ова автопатско решение претставува најсовремен тип на градба која е изградена по сите светски и европски стандарди“ - рече Сугарески. 

Автопатот располага со по три сообраќајни ленти од двете страни, два тунели со должина над 1 километар и истите претставуваат најдолги патни тунели во Република Македонија, додаде тој. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери