Заев: Не е важна етничката припадност на новиот претседател на Собрание, туку неговата посветеност
Објавено во: Македонија 10 Март, 2017
Зоран Заев по претставувањето на новата владина програма со која го очекува мандатот од претседателот Иванов, беше запрашан од која етничка припадност би бил новиот претседател на Собранието на Република Македонија.
„Не е важна етничката припадност на новиот претседател на Собранието на Република Македонија, ниту пак за било која државна институција. Поважно ќе биде посветеноста на новиот спикер пред кој ќе бидат претставени сите реформи кои ќе ги воведе владата и тој ќе треба да биде главен коректор на работата на извршната власт“ посочи Заев.