Заев: Не се мешам во судските одлуки иако за Јанакиески не ми е сеедно
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2019 14:24
Нема да се мешам во судството и нема да интервенирам иако за Миле Јанакиески не ми е сеедено, одговори денеска премиерот Зоран Заев на новинарско прашање во врска со штрајкот со глад на поранешниот министер за транспорт и врски кој е во Шутка. Заев рече дека имал разбирање затоа што Јанакиески е татко и сопруг и додаде дека е против одредување мерка притвор до конечна судска одлука, но тврдеше дека има црвени линии во можните интервенции и оти тој не сака да се меша во судската власт.
„Јас сум против притвор за кој сметам дека треба да се користи како крајна мерка, никој не е виновен до конечната правосилна пресуда Миле Јанакиески има три деца, како што имам и јас и не ми е сеедно, но тоа не ми дава за право да го менувам правниот систем, да влијаам и да правам притисок, рече Заев.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




