Заев: Нема да одиме на контра протести, ќе го сочуваме Уставот за разлика од Иванов
Објавено во: Македонија 01 Март, 2017 18:40
- Нема да дозволиме никој да си игра со интересите на државата за нечии ситни и лични интереси. Ги повикувам граѓаните да не подлегнуваат на никакви провокации, да останеме смирени и на линија на демократските процеси кои водат кон формирање на реформска влада со владеење на правото.
Сето она што сега се случува сме го виделе претходно од Груевски со неговите соработници како Иванов. Претседателот мора да ја повлече оваа одлука и да го додели мандатот за формирање на влада и да го почитува уставот со волјата на мнозинството на народот преточена во 67 пратеници, порача Заев на прес конференцијата во партиското седиште на СДСМ.
На прашања на новинарите што е следно од СДСМ, Заев посочи дека ќе се консултираат со правници за нивните следни чекори кои се уште не се донесени, но засега нема да провоцираат ниту пак да организираат контра протести.
Прашан дали ќе ја нарушат унитарноста на Македонија со ДУИ, Заев потенцираше дека такво нешто воопшто нема и дека не е разговарано следните барања на албанската платформа.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




