Заев: Од обвинителите од СЈО не излезе ни еден разговор и за тоа законски добиле надокнада
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2019 13:20
Нема да дозволам со театарски претстави да се наруши дигнитетот на еден систем. Вака премиерот Зоран Заев му реплицираше на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски, кој претходно во Собранието, на седница за пратенички прашања, го критикуваше правосудството. Според Заев, не може сега да се кажува дека тоа што се слуша во бомбите, е монтирано, креирано и лепено.
„Да не испадне и дека Космос се рушел законски? Да не испадне сега да ги направиме херои тие луѓе? Не, секој треба да одговара таму каде што има докази. Поради тоа што оваа Влада одлучи да ги објави сите трансакции од Буџетот, треба ли да извлекувате заклучоци и да го навредувате СЈО? Не смееме да дозволиме поединечната одговорност да се префрла на сите, ако еден не постапил како што треба, не може да се бара законска одговорност за сите. Обвинителите во СЈО не дозволија да излезе ни еден разговор од предметите кои ги работеа и за тоа добиле надокнада. Тоа што се трошело во СЈО било 70-80 отсто од тоа што законот го дозволил, ако нешто од тоа е трошено незаконски, треба да се одговара без разлика дали е специјалниот јавен обвинител, обвинител во СЈО или истражител, но не вака со леснотија да унаказите цела институција“, рече Заев.
Според премиерот, Сваровски судството е уште заробено, а не се сменети ниту три отсто од судиите и обвинителите. Тој смета дека неколку поединци заедно ја рушат целата атмосфера и затоа треба да има прочистување.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




