19 Декември, 2025
0.1306

Заев од Охрид - Ќе се дознае вистината за Мартин Нешковски, Смилковско езеро, Диво насеље

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2016 22:24

Добивај вести на Viber

Како што на кампањата и се ближи крајот така и реториката на митинзите и партиските активности се заоструваат. Заев возврати на обвинувањата дека планира двојазичност и федерализација со тоа што ја потсети власта за повеќе злодела кои и натаму се претпоставува дека целосната вистина не им е позната на граѓаните.

- Слушам, купувале пасоши. Зошто им се?!. Ја предупредувам граничната полиција на 11 декември да гледа кој ќе бега. Ветив и ќе остварам, сите кои се огрешиле, ќе одговараат, Не само што ќе одговараат, туку и парите ќе ги вратат - рече Заев.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вети дека вистината во Македонија нема да остане скриена.

- Ветувам дека не можеме да бидеме земја ако не знаеме кој ги уби Никола Младенов, Мартин Нешковски и четирите деца кај Смилковско Езеро. Да биде откриена вистината за Диво насеље. Секоја земја има обврска се да се открие и да има правна разврска. Никогаш веќе без правда во Мекедонија - рече Заев.

Заев повтори дека во Скопје на триумфалната капија ќе стои бројчаник кој ќе врти за секоје евро, секоја пара што ќе биде вратена. 

Лидерот на СДСМ вети поинаков концепт на развој на туризмот.

- Ќе развиваме вистински туризам. За работниците во текстилната индустрија ќе им го финасираме со 30 до 50 отсто одморот ако закупат хотели во Охрид, Преспа, Дојран. Со тоа ќе го поддржиме туризмот во Охрид – рече Заев.

Тој вети пензии за спортските работници.Спортот ќе се деполитизира. Секоја фирма која плаќа данок на добивка од тој данок да купи ваучер на спорстки клуб.

Зоран Заев повика охриѓани да гласаат на 11 декември и да го заокружат бројот 4.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината