Заев: Oваа година само две грчки инвестиции вредат 750 милиони евра
Објавено во: Економија 27 Февруари, 2019
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на едно од прашањата од сесијата за пратенички прашања во Собранието на РСМ за вредноста и бројот на странските инвестиции за последниот квартал за минатата година, како и вкупно за целата 2018, според пресметките на Владата ги кршат сите рекорди на странски инвестиции од самостојноста на нашата земја до сега.
Овие податоци се очекува наскоро да ги потврди Народната банка, како најрелевантен и независен извор, рече премиерот Заев од наскоро ќе ги потврди Народната банка, како најрелевантен и независен извор, рече премиерот Заев од собраниската говорница, и додаде дека освен 17-те досегашни реализирани странски инвестиции во земјата за само 20 месеци, во последните денови на ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент, шест компании од Грција донесоа одлука да инвестираат во нашата земја.
„Покрај грчките, имаме дозвола да го објавиме и името на една германска компанија. Тоа е компанијата „Герешајмер“, со инвестиција вредна 120 милиони евра и која за десеттина дена на прес конференција ќе ја соопшти својата намера. Со „Малхотра“ од Индија се завршени формалностите“, истакна премиерот Заев и додаде дека овие резултати се придобивка од решавањето на спорот со Грција, од нашите европски интеграции и од најавеното членство во НАТО, кои обезбедија сигурност и стабилност, од новиот Закон за привлекување странски инвестиции и посветеноста на економските тимови.
Премиерот Заев нагласи дека странските инвестиции во земјата минатата година отворија 4500 добро платени работни места и додаде дека интересот на странските компании да инвестираат, без ниту еден денар за рекламирање и промоција, порасна благодарение на храбрите политики на Владата и на парламентот.
„Во овој момент нашата земја блеска и е привлечна дестинација. Имаме одличен закон за привлекување на странски инвестиции. Најавувам уште две грчки компании, од кои едната во областа на енергетиката. Вкупната инвестиција што ја најавуваат двете компании е вредна 750 милиони евра. Работиме на тоа да се реализираат зашто отвораат нови работни места, го јакнат бруто домашниот производ на државата, овозможуваат извоз, и на крајот на денот го јакната економскиот стандард на нашите граѓани“, информираше Претседателот на Владата на РСМ во Собранието.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.