Заев: Падна првиот снег, ќе падне и оваа расипничка власт на фамилијата
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2016 21:20
Зоран Заев, кој одржа главен говор на митингот во Делчево, продолжи со жестоките напади против власта на Груевски и погрешните и штетните политики за народот, па затоа убеден е дека на 11 декември ќе бидат означени промените.
- Груевски си ги пакува куферите, Груевски заминува засекогаш. Денес падна првиот снег, ќе падне и оваа расипничка власт на фамилијата. Ќе одговараат за гревовите што ги направија. Пред вас е блескава иднина што ќе го замени 10 годишното сивило на сиромаштијата. Си го сакаме животот во Македонија и ќе си го вратиме, тоа им го должиме на сите граѓани. Децата ни се по белиот свет, ќе си ги вратиме. Болката на родителите ќе се претвори во радост. Делчево мора да го оправда тоа што го носи името на Гоце Делчев, да го оправда аманетот. Ах да стане Делчев и да види какви неранимајковци го носат светот имае на ВМРО, и да види на какво дереџе ја донесоа Македонија, за тоа ли тој се борел, ќе умре повторно, но овој пат од жал. Денеска знаеме се, вистината е обелоденета до крај, никој не може однадвор да дојде и да ни ја спаси Македонија. Затоа Делчев зборуваше дека делото на ослободувањето на еден народ е пред се негово сопствено дело на неговите сопствени рацете. Во наши раце е пенкалото, да се ослободиме од крпениот живот и да обезбедиме модерен живот како Европа, Хрватска и да обезбедиме живот овде - рече Заев.
Лидерот на СДСМ претстави и дел од визијата за новата влада која ќе се посвети на економијата со праведни мерки за враќање на достоинството на граѓаните и нивната добросостојба.
- Ќе има и правда и правичност, правда за криминалците за да не му падне на памет на некој друг да го направи ова што го направи криминалната банда на Груевски. Оние кои имаат помалку ќе плаќаат помалку. Ќе има живот за сите, на дофат е тој живот, живот на спокојни родители, радосни деца. Овој план се телеми на наука, историја и факти. Во оваа програма го земавме најдобро од светот овој план го плаши нашиот противник, нема веќе крадење на животот. Се збунил Груевски, вели ќе има федерализаицја и кантонизација, не не ќе има конфискација, фамилијата на власт ќе врати се што им одзеде на стотици фамилии. Им се смее цела Македонија почнаа со икони да шетаат по митинзи. Господ ќе им прости, но народот нема да им простои.
Што се однесува до Уставот, нема да дозволам никој да го смени, ќе се почитува и ќе се спроведува, нема менување на Уставот, не дозволувајте режимот да ве лаже за да обезбеди нови четири години власт. Секоја жртва вредеше пишуваме историја, рушиме режим, носиме живот, 12 декември носи нов почеток - рече Заев.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




