Заев: Планот на СДСМ е нашите деца да учат и да работат во Македонија
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2016
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на средби со граѓаните во велешката Чаршија зборуваше за Планот на СДСМ за живот во Македонија. „Децата ни заминуваат од државата, има ли нешто поболно од тоа - ова е маката што ја споделуваат велешани“, соопштуваат од партијата.
„Најголемата болка на сите нас е нашите деца да останат овде. Јас имам ќерка средношколец, син во основно образование. Мојот план како родител е децата да се запишат на високо образование овде во Македонија, кога ќе завршат да се вработат овде во Македонија, да основаат свое семејство овде во државата, да ги гледам и моите деца и моите внуци овде околу мене. Сигурно тоа го посакува секој родител за своето дете. Јас го посакувам за сите наши деца, да останат овде, да гледаат живот овде во Македонија! Тоа е нашиот план! Имаме План за живот во Македонија“, изјави денеска Заев пред велешани.